Достапни линкови

Груевски потсетува на остварените проекти


Панел дебата на ВМРО-ДПМНЕ - „Принципи и дискусии“, 14 октомври 2016.

Панел дебата на ВМРО-ДПМНЕ - „Принципи и дискусии“, 14 октомври 2016.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партискиот собир во спортскиот центар Борис Трајковски, зборува за проектите на партијата за борба со невработеноста, отворените работни места, инвестициите.

„Државата се мачи со тешката политичка криза наметната од опозиција, но ние не се откажувам од нови инвестиции, а тие носат нови работни места“, рече Груевски.

Симпатизерите и подржувачите на партијата претходно се собраа во близина на Градскиот парк, од се упатија кон спортскиот центар. Колоната ја предводена министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодоров , потоа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателка на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ Данила Ренгелова.Изминатите два дена партијата организираше неколку панел дискусии за како што рекоа да покажат дека продолжуваат да реализираат проекти и конкретни дела.

XS
SM
MD
LG