Достапни линкови

Во Црна Гора уапсени 20 српски државјани за планирање напади


Полицијата во Црна Гора потврди дека се уапсени 20 луѓе за планирање напад по гласањето.

Полицијата во Црна Гора потврди дека се уапсени 20 луѓе за планирање напад по гласањето.

Црногорската полиција соопшти дека уапсилe 20 луѓе осомничени дека планирале вооружени напади по завршувањето на гласањето на парламентарните избори. Директорот на националната полиција Славко Стојановиќ денескаизјави дека апсењето било извршено доцна синоќа, а уапсените доаѓаат од соседна Србија.

Стојановиќ изјави дека групата планираласо автоматско оружје да нападне државни институции, полицијата, а можеби и државни функционери. Тој не откри други детали.

Денеска во Црна Гора се одржуваат парламентарни избори, на кои се гледа како на избор меѓу Русија и Западот.

XS
SM
MD
LG