Достапни линкови

Сириските бунтовниците го зазедоа Дабик


Бунтовниците од сириската ослободителна армија се борат против милитантите на ИД во Дабик, 15 октомври 2016.

Бунтовниците од сириската ослободителна армија се борат против милитантите на ИД во Дабик, 15 октомври 2016.

Сириските бунтовниците поддржани од Турција го зазедоа селото Дабик во северозападниот дел на Сирија, кое беше во рацете на милитантите од Исламска држава, велат бунтовниците и набљудувачите. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека бунтовниците, поддржани од страна на турските сили го зазеле Дабик, а борците на ИД се повлекле од оваа област. Бунтовниците соопшти дека сега Дабик е во нивни раце по „жестоките судири“ со милитантите на Исламската држава.

Дабик се наоѓа на околу 10 километри од турската граница, а беше окупиран од страна на милитантите на ИД од август 2014 година.

Напредувањето на Дабик е дел од една поширока офанзива од страна на унтовниците кои се поддржани од Турција во северниот дел на Сирија, со цел повторно да ги освојат упориштата кои се во рацете на ИД и да се спречи напредувањето на курдската милиција, за која Турција смета дека се продолжение на курдските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG