Достапни линкови

Годишен Самит на БРИКС во Индија

Претседателот на Бразил Мишел Темер, кинескиот претседател Кси Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Јужна Африка Џејкоб Зума позираат пред скулптура од песок во пресрет на Самитот на Брикс во Гоа на 15 октомври 2016

Лидерите на земјите од БРИКС денеска одржуваат годишен самит во државата Гоа во југозападна Индија. Во своето воведно обраќање, индискиот премиер Нарендра Моди, пред претседателите на Бразил, Русија, Кина и Јужна Африка, изјави дека тероризмот претставува „сериозна закана за мирот, безбедноста и развојот“, напиша портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Викас Сваруп на Твитер. „Трагично, неговиот матичен брод е држава во соседството на Индија“, рекол Моди, алудирајќи на Пакистан. Њу Делхи го обвинува Исламабад дека ги поддржува милитантните организации во спорниот регион Кашмир, но Пакистан негира. Во членките на БРИКС живее речиси половина од населението во светот и сочинуваат една четвртина од светската економија.

XS
SM
MD
LG