Достапни линкови

logo-print

ВРМО-ДПМНЕ ќе одржи партиски собир


Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ - „Принципи и дискусии“, 14 октомври 2016.

Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ - „Принципи и дискусии“, 14 октомври 2016.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ попладне најави дека ќе одржи партиски собир во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, на кој е најавено обраќање на лидерот на партијата Никола Груевски.

Владејаката партија викендов организираше неколку јавни тематски трибини на кои учествуваа пратеници и членови на Владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Никола Тодоров во петокот најавувајќи ги настаните истакна дека нивната цел е да покажат дека продолжуваат да реализираат проекти и конкретни дела.

„Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти, ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чувство на одговорност кај граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други“, рече Тодоров.

XS
SM
MD
LG