Достапни линкови

Северна Кореја изврши неуспешен ракетен тест


Архивска фотографија - Презентација на нов ракетен мотор во Северна Кореја, 20 септември 2016.

Архивска фотографија - Презентација на нов ракетен мотор во Северна Кореја, 20 септември 2016.

Американската армија соопшти дека Северна Кореја извршила неуспешен тест за лансирање балистичка ракета со среден домет. Ракетата, според наводите, експлодирала веднаш по полетувањето. Проектилот Мусудан има домет од 4.000 километри, што е доволно да ги погоди Јужна Кореја, Јапонија и американската територија Гуам.

„Најостро го осудуваме овој и неколкуте други тестирања на проектили од страна на Северна Кореја со кои се кршат резолуциите на Советот за безбедност на ОН кои експлицитно забрануваат Северна Кореја да користи балистичка ракетна технологија“, изјави портпаролот на Пентагон Гери Рос.

Северна Кореја во февруари успешно тестираше сателитски лансирана ракета, а во јануари земјата го спроведе четвртиот нуклеарен тест. Пјонгјанг продолжува да развива нуклеарно оружје и балистички проектили и покрај резолуциите од ОН и меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG