Достапни линкови

logo-print

Земјотрес на границата меѓу Грција и Албанија


Мапа на граничниот предел меѓу Грција и Албанија

Мапа на граничниот предел меѓу Грција и Албанија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на грчко-албанската граница, соопшти Американскиот геофизички институт, јави ТАСС. Потресот беше регистриран во 20.14 часот, наведува Институтот.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар.

Институтот наведе дека засега нема информации дека земјотресот предизвикал штета или дека има повредени луѓе, јавуваат британските медиуми.

XS
SM
MD
LG