Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Ирак не може сам да ја протера ИД од Мосул


Конвој на ирачки безбедносни сили напредуваа кон периферијата на Мосул, да се бори против Исламската држава, 12 октомври, 2016 година.

Конвој на ирачки безбедносни сили напредуваа кон периферијата на Мосул, да се бори против Исламската држава, 12 октомври, 2016 година.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Ирак не може сам да ја протера милитантната група Исламска држава од градот Мосул, како и дека присуството на турските сили во блиската воена база претставува гаранција од можни напади врз Турција.

Ердоган истакна дека Турција нема да и дозволи на ИД, ниту на било која друга организација, да го контролира Мосул.

Официјална Анкара е во жесток спор со ирачката Влада поради присуството на турските сили во воениот камп Башика во северниот дел на Ирак, како и околу тоа кој треба да учествува во планираната офанзива на Мосул, која ќе се спроведе со поддршка на САД.

Турскиот претседател, исто така, нагласи дека сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Турција, напредуваат во борбата за освојување на селото Дабик, во северозападниот дел на Сирија, кое сега е во рацете на милитантите.

XS
SM
MD
LG