Достапни линкови

Турските власти уапсија 25 луѓе за експлозиите во Анталија


Архивска фотографија - Турската полиција истражува екплозија во близина на полициска станица во Истанбул, 6 октомври, 2016.

Архивска фотографија - Турската полиција истражува екплозија во близина на полициска станица во Истанбул, 6 октомври, 2016.

Во Турција денеска се уапсени 25 луѓе, кои се осомничени за поврзаност со курдските екстремисти, кои турските власти ги обвинуваат за експлозиите во Анталија.

Апсењата се спроведени по симултаните полициски акции во шест провинции, меѓу кои се Истанбул, Анкара и Дијарбекир.

Две експлозии одекнаа вчера во рибарница во Анталија, туристичко место во јужниот дел на Турција, но немаше жртви. Истовремено, две импровизирани експлозивни направи се фрлени од блиската планинска област кон автопатот меѓу Анталија и летувалиштето Кемер.

XS
SM
MD
LG