Достапни линкови

logo-print

Кремљ реагира на „пораката“ на Бајден


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва реагираше на интервјуто на американскиот потпретседател кој рече дека ќе испрати „порака“до рускиот претседател Владимир Путин, поради наводите дека Русија стои зад сајбер нападите на американски политички институции.

„Заканите насочени против Москва и нашето државно раководство се без преседан, бидејќи се кажани од страна на американскиот подпретседателот Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Во вчерашното интервју за Ен-Би-Си Њуз, Бајден прашан зошто САД не се одмазди за руското мешање во претседателските избори, рече дека „испратиле порака “ која рускиот претседател Владимир Путин ќе ја добие, притоа насмевнувајќи се иронично.

„Ние имаме капацитет да го направиме тоа и пораката ќе биде испратена. Тој тоа ќе го знае и тоа ќе биде во време кое ние ќе го избереме и под околности кои ќе имаат најголемо влијание“, рече Бајден.

Ен-Би-Си објави дека Белата куќа ја разгледува можноста за тајна сајбер акција против Русија, чија цел е „срамното “ раководство на Кремљ. Бајден рече дека во одмаздата, акциите на САД ќе бидат „пропорционални“ на тоа што Русија го направи во последните месеци.

XS
SM
MD
LG