Достапни линкови

Уште шест милиони евра за санација на поплавените подрачја


Село Стајковци еден месец по поплавите, 6 септември 2016.

Село Стајковци еден месец по поплавите, 6 септември 2016.

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои Општина Гази Баба, соопшти министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Тој денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ.

XS
SM
MD
LG