Достапни линкови

„По грешка“ бил извршен нападот на погреб во Сана


Нападот се случи на 8 октомври за време на погреб во Сана.

Нападот се случи на 8 октомври за време на погреб во Сана.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против бунтовниците во Јемен, соопшти дека еден од нивните авион по грешка извршил напад за време на погреб во главниот град Сана, при што загинаа 140 луѓе. Од Коалицијата најавија дисциплинска постапка против сторителите и објаснија дека нападот се случил поради непочитување на правилата и процедурите, како и поради неточни информации. Нападот кој се случи на 8 октомври предизвика остри критики, дури и од најблиските западните сојузници на Саудиска Арабија.

Од Белата куќа вчера соопштија дека ќе ја преиспитаат својата поддршка за Коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

XS
SM
MD
LG