Достапни линкови

Притвор за надзорникот во Идризово кој продавал дрога


Архивска фотографија од запленета дрога во стан во Скопје.

Архивска фотографија од запленета дрога во стан во Скопје.

Полицијата поднесе кривична пријава против надзорник во затворот Идризово, поради сомнение дека набавил дрога за да ја продава на уживатели во затворот. Полицијата го сомничи дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

МВР соопшти дека за стореното кривично дело, судија на претходна постапка на надзорникот со иницијалиИ.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Надзорникот во текот на октомври 2016 година, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин која ја чувал во својот дом, каде ја препакувал во помали количини по што ја внесувал во затворот и ја продавал на уживатели.

XS
SM
MD
LG