Достапни линкови

Вучиќ најави чистка против криминалците


Српскиот премиер Александар Вучиќ на шестиот безбедносен форум во Белград на 13 октомври 2016

Српскиот премиер Александар Вучиќ на шестиот безбедносен форум во Белград на 13 октомври 2016

Голема чистка против криминалци, најави српскиот премиер Александар Вучиќ. Тој синоќа во гостувањето на ТВ Прва изјави дека криминалците од големите криминални групи имаат „соработници во државниот апарат“. Вучиќ на телевизијата зборуваше за убиството на Александар Станковиќ, водач на навивачите на фудбалскиот клуб Партизан, попознат како Сале Мутави, објаснувајќи дека станува збор за „увезено убиство“ и дека „се донесени лица од страна да беснеат по Белград“.

„Сите кои мислат да убиваат по Србија ќе ја почувствуваат жестоката тупаница на државата и монструмите кои убиваа по нашата земја тоа добро ќе го запаметат“, порача Вучиќ.

На прашањето за соработниците во државниот апарат, за што претходно вчера зборуваше министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, премиерот кажа дека нема конкретни податоци за тој случај.

„За овој случај не знам, но дали тие имаат соработници - имаат. Сите ќе ги исчистиме, без разлика колку тешко тоа ќе биде. Тоа се опасни луѓе, кои имаат врски и со странски разузнавачки агенции. Ќе биде - или ние или тие, но ви велам дека државата ќе победи и затоа добро нека размислат што ќе прават, па да видиме кој од полицајците и специјалците ќе седи по нивните јахти и вили и ќе прави бизнис“, рече Вучиќ.

XS
SM
MD
LG