Достапни линкови

Нови обиди за примирје во Сирија


Министрите за надворешни работи на САД и на Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров во ОН на 23 септември 2016

Министрите за надворешни работи на САД и на Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров во ОН на 23 септември 2016

Нови дипломатски разговори, во обид да се стави крај на сирискиот конфликт треба да започнат денеска во Швајцарија. Ова ќе биде прва средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери откако Вашингтон ги прекина билатералните преговори со Москва претходно овој месец, по неуспехот на договорот за примирје во Сирија.

Лавров вчера изјави дека нема посебни очекувања од средбата. Тој рече дека не планира да претстави нови иницијативи за начинот на решавање на конфликтот.

Американски дипломат, кој го придружува Кери, пак, изјави дека на средбата треба да се истражат идеите за ставање крај на конфликтот, а не веднаш да се направи чекор напред. Двете страни ќе бараат начин како да се оживее краткотрајниот прекин на огнот во Сирија кој беше прекинат минатиот месец, откако сириските владини сили започна голема офанзива против бунтовниците источно од Алепо со поддршка на руските сили.

На Кери и Лавров во Лозана ќе им се приклучи и претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, заедно со највисоките дипломати на Турција, Саудиска Арабија и Катар, сите поддржувачи на сириските опозициски сили. На средбата ќе учествува и министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф, како и претставници на Египет, Ирак и Јордан.

XS
SM
MD
LG