Достапни линкови

Рама:Односите меѓу Србија и Албанија никогаш подобри


Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека односите меѓу Албанија и Србија не биле никогаш подобри

Денес не само што разговараме по 70 години молчење, туку постигнуваме и напредок, изјави Рама за медиумите додавајќи дека ги цени напорите кои српскиот премиер Александар Вучиќ ги вложува за „конечно да се отстранат анимозитетите од минатото и да се тргне напред“.

- Треба да извлечеме вистински поуки од историјата и да сфатиме дека е време да направиме се за да бидеме меѓусебно среќни. Тоа важи и за Србите на Косово, и за Албанците во Србија, и за сите, додаде албанскиот премиер

XS
SM
MD
LG