Достапни линкови

Лавров без очекувања од состанокот за Сирија


Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека "нема посебни очекувања" од разговорите за кризата во Сирија, што ќе се одржат утре во Лозана. Лавров рече дека Москва нема намера да предложи нови иницијативи за решавање на конфликтот во Сирија и дека Москва се уште не видела реципрочни чекори од нивните западни партнери. Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери се согласија оваа недела да се одржи состанокот во Швајцарија, за да се разгледаат понатамошните чекори што може да се преземат за да се постигне решение на конфликтот во Сирија. Министрите за надворешни работи на Турција, Катар, Саудиска Арабија и Иран исто така ќе учествуваат на разговорите.

XS
SM
MD
LG