Достапни линкови

Во Иран уапсени осомничени милитанти на ИД


Иранските медиуми објавија дека иранските безбедносни сили уапсиле 11 лица под сомнение за планирање на самоубиствени бомбашки напади во име на милитантите од Исламска држава. Локалните власти, исто така, заплениле големи количества на експлозиви во операцијата. Генералот Ахмад Али Гоударзи кој раководи со безбедносните сили во јужната провинција Фарс, рече дека голем број на автомобили и мотоцикли, како и 100 килограми експлозив, се одземени. Екстремистичката група има изведено бројни напади врз шиитските цивили во Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG