Достапни линкови

Хан: Изборите се важни, но реформите се уште поважни


Еврокомесарот Јоханес Хан по денешните средби во Скопје изјави дека важно е изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин на кој никој не ќе може да ги критикува.

Тие се темел за враќање на земјата на патот кон евроинтеграциите, но важно е да се работи и на имплементирање на препораките на Прибе, рече Хан кој денеска беше во Скопје.

Политичките партии мора да соработуваат за имплементација на итните реформиски приоритети, порача Хан и посочи оти ќе биде воспоставен план со прецизни рокови за следење и поттикнување на процесот на имплементација.

Тој оцени дека постигнат е извесен напредок во земјата во однос на медиумите и на прочистувањето на Избирачкиот список и препорача партиите да се усогласат и во однос на прашањето на Шестата изборна единица.

Во однос на Специјалното јавно обвинителство, истакна дека е важно тоа да биде оставено да ја работи својата работа непристрасно и професионално.

XS
SM
MD
LG