Достапни линкови

Кирацовски: Пријави од вработени во администрацијата за притисоци


Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски изјави дека веб страницата што ја отворил за пријавување неправилности, нерегуларности, закани и притисоци во јавната администрација во предизборниот периодот дава резултати.

- Вработените во администрацијата масовно доставуваат конкретни документи со информации – кој, на каков начин се обидува да врши злоупотреби или да им прави притисоци, изјави Кирацовски.

Тој презентира документ, кој, како што тврди, „му бил доставен, со список од 2.000 лица на кои раководители и шефови – кадри на ВМРО-ДПМНЕ, имале намера да им ѕвонат и да бараат од нив да излезат на протести и контра-протести и на избори како нивни сигурни гласачи“.

Кирацовски рече дека законот е јасен и казните за уцени и притисоци во предизборен период се до пет години затвор

XS
SM
MD
LG