Достапни линкови

logo-print

Над 200 војници убиени во Авганистан


Авганистански официјални лица соопштија дека стотици припадници на безбедносните сили на Авганистан се убиени во неодамнешните борби против Талибанците во и околу Лашкар Гах, главниот град на провинцијата Хелманд.Абдул Маџид Aкхонџа, заменик-шеф на провинцискиот совет на Хелманд, изјави дека се убиени над 200 војници и полицајци во текот на претходните 10 дена. Над 100 авганистански војници биле убиени на 11 октомври во една битка, додека се обидувале да се повлечат во Лашкар Гах од под опсада. Исто така, 45 цивили, се убиени, а повеќе од 100 припадници на безбедносните сили на Авганистан се повредени. Провинцијата Хелманд се соочува со најлошата безбедносна ситуација, откако талибанскиот режим беше соборен пред речиси 15 години. Талибански борци сега контролираат поголемиот дел од покраината и го опколија Лашкар Гах.

XS
SM
MD
LG