Достапни линкови

logo-print

Путин го ратификуваше договорот за ангажирање на воздухопловството во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин го ратификуваше договорот со Дамаск за неопределено распоредување на руските воздухопловни сили во близина на крајбрежниот град Латакија во Сирија. Договорот беше потпишан во Дамаск во август 2015 година, само неколку дена пред Русија да почне со лансирање воздушни напади врз сириските бунтовници со цел поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Договорот предвидува дека руските воени авиони и авијацијата ќе бидат распоредени во базата Хмеимим и на аеродромот во Сирија на барање на сириската влада.

XS
SM
MD
LG