Достапни линкови

logo-print

Намалени затворските казни за осудените во Шпион


Апелацискиот суд Скопје донесе одлука со која им ги намали затворски казни на обвинетите во случајот „Шпион“, а на дел им одреди условни казни. Второстепениот суд делумно ги прифатил жалбите на 17 од обвинетите и ја преиначи пресудата во делот на казните, а за еден, Ѓеорги Хаџи-Мицев, судот го вратила предметот на повторно судење и одлучување.

Претходно Специјалното јавно обвинителство , на јавната седница,минатиот месец, ги одби како неосновани најголем дел од жалбите на обвинетите, но му предложи на судот да им ги намали или ублажи затворските казни.

На првообвинетиот во „Шпион“, Марјан Ефремов, затворската казна му е намалена за четири и пол години и сега ќе издржува казна од 10 години и шест месеци затвор.

Казната на генералот Горан Стојков кој беше осуден на девет години затвор, сега е намалена на три години и три месеци.Тој е осуден за злосторничко здружување и за изнуда.

XS
SM
MD
LG