Достапни линкови

logo-print

Хан на средби со Јанева, Димитриев, Ахмети и Тачи


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска престојува во Скопје, претпладнево се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. По средбата во седиштето на Европската делегација Јанева рече дека со Хан разговарала за продолжување на мандатот на СЈО, за неговата досегашната работа и за проблемите со кои се соочувале.

Еврокомесарот претпладнево се сретна и со премиерот Емил Димитриев. На својот Твитер профил Хан наведе дека го истакнал исполнувањето на условите за веродостојни избори, реформските приоритети, поддршката на работата на специјалниот обвинител и миграцијата.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи по средбата со еврокомесарот рече дека разговарале за изборите закажани на 11 декември и дали се исполнети условите за нивно одржување.

„Мојот став е дека дел од условите за изборите се исполнети. Но, кога ќе се објават официјалните резултати, ако има еден факт што потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги повториле работите од минатите избори, ние ќе ги прогласиме за невалидни и нема да ги признаеме“ изјави Тачи.

Хан ги заврши средбите и со претседателот на ДУИ Али Ахмети и со претставниците на граѓанското општество.

Попладнево тој ги посетува и седиштата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ каде што ќе се сретне со партиските лидери, по што е предвидено да даде изјава за јавноста.

XS
SM
MD
LG