Достапни линкови

Седумнаесет загинати на експлозија на сириско турската граница


Најмалку 17 луѓе, главно сириски бунтовници, биле убиени во експлозија на автомобил бомба во близина на Баб ал Салама, премин на сириско турската граница. До експлозијата дојде доцна синоќа кај контролен пункт на Слободната сириска армија и во неа имало и над дваесет ранети. Овој граничен премин се наоѓа непосредно до Азаз, главното упориште на умерените сириски бунтовници кои се вклучени во големата операција против милитантите на Исламската држава во тој регион.

XS
SM
MD
LG