Достапни линкови

Турција: Грешка при операцијата во Мосул ќе предизвикала бегалски бран


Секоја грешка во планираната операција и поддржана од САД за ослободување на ирачкиот град Мосул од ИД, би можела да предизвика бран од десет илјади бегалци, а Турција е вознемирена и од улогата на курдските борци во планот, изјави портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калан.

Тој додаде дека Турција нема таен дневен ред во Ирак и го поддржува решавањето на проблемите со Багдад преку дијалог. Се повеќе се интензивира спорот меѓу Турција и Ирак за тоа кој треба да учествува во планираната операција за ослободување на Мосул.

XS
SM
MD
LG