Достапни линкови

logo-print

Воздушни напади во Сирија во пресрет на разговорите за прекин на огнот


Руски и сириски воздушни напади денеска го погодија сирискиот град Алепо, неколку дена пред средбата на светските сили за разговори за повторно воспоставување на договорот за прекинот на огнот. Источниот град на Алепо којшто е под контрола на бунтовниците се соочува со едни од најтешките бомбардирања во последните неколку недели, по пропаѓањето на договорот меѓу САД и Русија. Сириските владини сили поддржани од руските воздушни напади се обидуваат да ја преземат контролата врз Алепо. Повеќе од 20 воздушни удари го погодија денеска Алепо, убивајќи седум цивили, посочува Сириската опсерваторија за човекови права, која истакна и дека неколку други луѓе се убиени во бомбардирањето. Воздушните напади доаѓаат неколку дена пред одржувањето на разговорите меѓу светските сили за запирање на насилството, коишто треба да се одржат во Швајцарија и Британија.

XS
SM
MD
LG