Достапни линкови

Русија ќе достави ракетен систем S-400 во Индија


Рускиот напреден ракетен систем S-400.

Рускиот напреден ракетен систем S-400.

Русија соопшти дека на крајот на оваа недела ќе потпише договор со Индија за достава на напредниот ракетен систем S-400 во Њу Делхи. Кремљ денеска соопшти дека договорот ќе биде потпишан на 15 октомври во Гоа, меѓу претседателот Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди. Системот S-400 е способен за следење на 300 цели за симултано ангажирање на 30-тина, со дострел од неколку стотини километри. Русија и Индија традиционално ги одржуваат добрите односи од Студената војна.

XS
SM
MD
LG