Достапни линкови

Препукувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за ветените 140 градиники на Груевски


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска изјави дека во предлог буџетот за следната година не се ставени 140-те детски градинки во вредност од 25 милиони евра, коишто ги вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ќе бидат изградени за 3,5 години.

„Во предлог-буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само милион двеста и деведесет илјади евра, изјави Манчевски.

Од ВМРО_ДПМНЕ реагираа дека средства за реализација на проектот за отворање на детски градинки има и тој ќе се реализира бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Буџетот за 2017 година важи заклучно со 31 декември следната година, а оти проектот за отворање на детски градинки е долгорочен којшто подразбира долгорочно буџетирање.

XS
SM
MD
LG