Достапни линкови

logo-print

Грција повика на заедничка европска политика за азил


Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.

Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос.

Време е да се донесе заедничка и ефикасна европска политика за азил, изјави еврокомесарот за миграција и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос пред почетокот на Советот за правда и внатрешни работи во Луксембург. Во врска со зајакнувањето на Заедничкиот европски систем за азил, тој рече дека ќе упати барање со цел сите земји членки да обезбедат техничка поддршка и човечки ресурси.

„Нашата цел е да се спречи илегалната миграција во границите на Европа, а за да се постигне тоа треба да се подобри и продлабочи соработката со трети земји, како што е Турција и се разбира да се спроведат нашите договори за партнерство со земјите од Африка“, истакна Аврамопулос.

Според него, многу е јасно дека сите земји членки мора да го преземат својот дел од одговорноста и да го докажат тоа со спроведување на она што е дискутирано и одлучено за релокација и преселување на бегалците.

XS
SM
MD
LG