Достапни линкови

logo-print

Јолевски и Стропницки во посета на македонско - грчката граница


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Министрите за одбрана на Македонија и на Чешка, Зоран Јолевски и Мартин Стропницки, денеска во Гевгелија ги посетија безбедносните сили на двете држави кои заеднички се распоредени на четири точки за да ја обезбедуваат македонско - грчката граница од евентуален нов бегалски бран. Јолевски и Стропницки беа и во обиколка на ПТЦ Гевгелија и граничниот камен 59.

„Како армија сме целосно подготвени за сите можни сценарија.Имаме развиено планови и логистички сме подготвени да одговориме соодветно доколку се зголеми бројот на мигранти на нашата граница, нагласи Јолевски и потенцира дека тоа ќе зависи од имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција.

Јолевски додаде дека како сериозна држава треба да бидеме подготвени за секакво сценарио и оти во моментот никој не може да каже како понатаму ќе се развива и тече бегалската криза.

Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки е согласен дека заедничката соработка на ова поле треба да продолжи и да се продлабочува во иднина и покрај тоа што до пролет, подвлече, не очекува драматичен пресврт околу бегалската криза.

„Тука сум затоа што сметам дека и ние треба да и помогнеме на Македонија со потребни материјални средства и човечки ресурси.Не е коректно ниту пак праведно Македонија да биде оставена сама во оваа тешка состојба во која се најде од другите членови“, истакна Стропницки.

XS
SM
MD
LG