Достапни линкови

Полицијата открила 53 мигранти околу Лојане


Илустрација. Архивска фотографија.

Илустрација. Архивска фотографија.

Во реонот околу село Лојане во општина Липково вчера вечерта биле откриени и фатени 53 мигранти од Авганистан и Пакистан, соопшти МВР. Од полицијата денеска информираат дека по претходно добиени оперативни сознанија и информации за зголемено присуство на лица и групи на мигранти, извршена била координирана акција и претрес на теренот. Притоа биле откриени и фатени вкупно 53 лица мигранти од Авганистан и Пакистан, од кои 43 мажи, 3 жени и 7 деца.

XS
SM
MD
LG