Достапни линкови

logo-print

Русија гледа шанса за одржување на Самитот за Украина


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Русија соопшти дека гледа шанса за одржување на Самитот за конфликтот во Украина следната недела. „Средбите на експертите ќе бидат одржани на кои ќе бидат одржани доста сериозни дискусии“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков: „ако овие состаноци на експертите завршат со позитивен резултат, ќе постои шанса за одржување на Самитот во Берлин на 19 октомври. Во Берлин, портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е потребна дополнителна работа од страна на советниците пред да биде можна било каква средба на лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција.

XS
SM
MD
LG