Достапни линкови

Израел и Турција разговараат за изградба на гасовод


Израел и Турција разговараа за можноста за изградба на гасовод меѓу двете земји, изјави денеска израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц. Тој се сретна со неговиот турски колега Берај Албајрак, што претставува прва посета на израелски министер на Турција по шест години.

Израелскиот министер посочи дека на средбата се договориле „да се воспостави дијалог меѓу двете влади“, за да се разгледа можноста за реализирање на проектот.

„Разговаравме за прашањата поврзани со енергетиката и можноста за изградба на гасовод од Израел до Турција, за да може да се испорачува природен гас за Турција и Европа, истакна Штајниц.

Односите меѓу Турција и Израел се влошија во 2010 година откако израелски конадоси убија десет турски активисти од бродот „Мави Мармара“, кој се обиде да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа и да достави хуманитарна помош до Палестинците. Во јуни Израел и Турција објавија дека ќе ги нормализираат нивните односи.

XS
SM
MD
LG