Достапни линкови

logo-print

Хан: Исполнети се условите за веродостојни избори


Еврокомесарот, Јоханес Хан.

Еврокомесарот, Јоханес Хан.

Еврокомесарот Јоханес Хан пред утрешната посета на Македонија изјави дека е важно што условите за одржување на веродостојни избори во земјата се исполнети. Тој истакна дека со нетрпение ја очекува утрешната посета во Скопје.

„Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставувањето на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак ова е само почеток. Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат на истите“, вели Хан.

Тој рече дека при утрешна посета ќе се сретне со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на четирите најголеми политички партии, со специјалната јавна обвинителка и со претставници на граѓанското општество да разговора како да се забрза имплементацијата на итните реформски приоритети во законот.

„Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. Исто така, со нетрпение очекуваме да слушнеме од специјалниот обвинител за тоа како нејзината работа напредува и за предизвиците со кои таа се соочува“, вели Хан.

XS
SM
MD
LG