Достапни линкови

Косово: спроведени голем дел од договорите со Србија


Министерката за дијалог со Србија, Едита Тахири.

Министерката за дијалог со Србија, Едита Тахири.

Косовскиот министер за дијалог Едита Тахири денеска изјави дека од 33-те договори постигнати во рамките на бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, досега „во целост се спроведени 29“.

Таа тврди дека големиот број „српски паралелни структури“ се распуштени, а дека односите се „генерално нормализирани“ и покрај повремените проблеми. Тахири наведе дека Приштина не може да го прекине дијалогот со Белград поради апсењето на регионалниот директор на косовската полиција Нехат Тачи, бидејќи тоа би ја „загрозило европската перспектива на Косово“.

XS
SM
MD
LG