Достапни линкови

Изградбата на гасоводот Турски тек почнува догодина


рускиот министер за енергетика Александар Новак

рускиот министер за енергетика Александар Новак

Изградбата на гасоводот Турски тек преку Црното море ќе почне во идната година, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак. „Се што е неопходно за почнување на работите е обезбедено“, наведе тој за време на посетата на Истанбул, додавајќи дека гасоводот би требало да биде завршен во 2019 година. Преку него ќе се пренесува природен гас од Русија до југоисточна Европа и во тоа најверојатно ќе биде вклучена и Грција. Овој гасовод беше предложен пред две години, но беше откажан поради вложувањето на руско турските однсои поради конфликтот во Сирија. Претседателите на двете земји Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во текот на оваа недела во Истанбул потпишаа договор за изградба на гасоводот.

XS
SM
MD
LG