Достапни линкови

Лавров и Кери повторно ќе разговараат за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 16 октомври во Швајцарија ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери за да разговараат за сирискиот конфликт, соопштија руските власти. Ова ќе биде прва средба меѓу двете страни, откако Вашингтон ги прекина билатералните дипломатски контакти со Москва претходно овој месец откако пропадна обидот за примирје во Сирија. Од руското Министерството за надворешни работи соопштија дека Лавров и Кери ќе се сретнат во швајцарскиот град Лозана и ќе разговараат во насока на „создавање услови за решавање на сириската криза“. На средбата ќе присуствуваат и високи дипломати од „клучните земји во регионот“, стои во соопштението.

Лавров денеска во интервјуто рече дека на разговорите треба да присуствуваат Турција, Саудиска Арабија, а можеби и Катар.

XS
SM
MD
LG