Достапни линкови

Студентите на отворен пленум бараат решенија на проблемите


Студентите организираат отворен пленум од 18 до 20 часот на Филозофскиот факултет во Скопје. Во повикот објавен од страна на Студентскиот пленум на нивната фејсбук страница се наведува дека чекаат одговор од Сенатот на УКИМ по одржувањето на референдумот. Од Пленумот велат дека Сенатот мора да го следи мислењето на студентите за студентското организирање. На отворениот пленум се очекува да се разговара за решението на проблемите на студентите.

„Секој студентски дом, секоја неправедност нанесена од факултетскиот кадар, секоја студентска бенефиција може да биде решена доколку студентите се сплотени под заедничкото решение. Дојдете да го осмислиме решението!“, стои во повикот на социјалните мрежи. Од Пленумот велат дека нивната борба за подобар студентски стандард ќе продолжи.


Минатата недела за првпат се одржа студентски референдум на кој мнозинството од тие што гласаа се изјаснија за промени во студентското организирање.

XS
SM
MD
LG