Достапни линкови

logo-print

Нов смртоносен напад на шиитски храм во Авганистан


Најмалку 14 луѓе се убиени во бомбашки напад врз џамија во северен Авганистан, јавуваат тамошните власти. Ова е втор напад во последните 24 часа на муслимански храмови за време на шиитскиот празник Ашура. Авганистанските власти соопштија дека при експлозијата на бомбата се повредени најмалку 30 луѓе. Здравствените работници вели дека повеќето од повредените се деца. Некои од повредените се во критична состојба, велат лекарите. За последниот напад никој досега не презеде одговорност.

Претходно во напад на шиитски храм во главниот град Кабул загинаа 18 луѓе, а десетици се повредени. Одговорноста за тој напад ја презедоа милитантите на екстремистичката група Исламската држава. Огранокот на оваа организација за Авганистан и Пакистан, познат и под името „провинција Хорасан“ тврди дека стои зад нападот. Авганистанската полиција ги предупреди шиитите да не прават големи собири, бидејќи се очекуваат напади.

XS
SM
MD
LG