Достапни линкови

Путин - САД ја злоупотребуваат антируската реторика


Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата дека Москва се меша во претседателските избори во САД со оркестрирање низа компјутерски напади врз американски политички организации и истакнати сегашни и поранешни функционери.

Американските власти ја обвинија Русија дека стои зад хакирањето на електронската пошта на поединци и групи, вклучително и Демократскиот национален комитет во престрет на изборите на 8 ноември. Белата куќа вчера соопшти дека ќе разгледа низа одговори на наводните хакирања.

Зборувајќи денеска на бизнис форум во Москва, Путин рече дека американските власти „ја злоупотрeбуваат антируската реторика“, која „ги труе“ билатералните односи меѓу двете земји. Тој рече дека обвинувањата против Русија се трик за свртувањето на вниманието на американските гласачи.

XS
SM
MD
LG