Достапни линкови

Јилдирим - Турската Влада ќе иницира уставни измени


Турската Влада наскоро ќе излезе со иницијатива за промена на Уставот на Турција, чија цел ќе биде зголемување на надлежностите на шефот на државата, најави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. Во обраќање на средба со регионалните лидери на владејачката конзервативна исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП), Јилдирим најави дека целта на ваквиот предлог е да се овозможи подобра координација меѓу државните институции и да се обезбеди политичка стабилност на земјата. Согласно сегашниот турски Устав, шефот на државата има првенствено церемонијална улога, а политичката моќ е во рацете на премиерот и Владата.

XS
SM
MD
LG