Достапни линкови

Кремљ: Лондон има обврска да ги заштити руските дипломати


Велика Британија има должност да ги заштити руските дипломати во Лондон, велат руските власти, како одговор на британскиот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон кој се противи на руските бомбардирања во Сирија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Џонсон најверојатно е свесен за Виенската конвенција и за должноста на Велика Британија да преземе одговорноста за руските дипломатски мисии во Велика Британија.

Џонсон претходниот ден пред Парламентот изјави дека сака да види протести пред руската амбасада поради нивната улога во Сирија.

XS
SM
MD
LG