Достапни линкови

Спасени 36 мигранти во Егејското Море


Грчката крајбрежна стража во водите на Егејското Море во близина на островот Икарија денеска спаси 36 мигранти кои патувале со чамец.

Грчкото радио „Скај“ јави дека потрагата по мигрантите започнала отако еден од нив преку мобилен телефон се јавил во службата за итна помош, тврдејќи дека се наоѓа на чамец кој е во лоша состојба.

Во операцијата учествувале три брода, меѓу кои и еден на Европската агенција за контрола на надворешните граници – Фонтекс. Спасените мигранти биле пренесени во пристаништето Евдилос на Икарија.

Во меѓувреме грчките власти соопштија дека на островите во Егејското Море во последните 24 часа пристигнале 162 нови мигранти и бегалци.

XS
SM
MD
LG