Достапни линкови

logo-print

Напад на шиитски храм во Кабул


Најмалку 17 луѓе, главно шиити, загинаа во напад врз нивен храм во главниот град на Авганистан, Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Седик Седики рече дека во нападот врз светилиштето Карте Сахи, едно од најголемите во Кабул, има и 62 повредени, меѓу кои и 12 полицајци. За разлика од претходните извештаи за тројца напаѓачи, тој рече дека имало само еден вооружен напаѓач кој бил застрелан од безбедносните сили. Повредените се однесени во болница. Безбедносните сили го евакуираа светилиштетот, каде што шиитите се собираат да го прослават еден од најсветите шиитски празници Ашура. Полицијата во Кабул ги предупреди шиитските верници, пред сè етнички Хазарејци, да не учествуваат на големи собири зашто се очекуваат напади. Во јули годинава, во напад за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, беа убиени 84 луѓе, повеќето од нив шиити Хазарејци.

XS
SM
MD
LG