Достапни линкови

Продолжена вонредната состојба во Турција


Парламентот на Турција го одобри продолжувањето на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, јави новинската агенција Анадолија. Вонредната состојба беше воведена во земјата за три месеци по обидот за преврат на 15 јули. Во почетокот на месецов Владата реши да го продолжи рокот на вонредната состојба за уште три месеци. Се очекува продолжената вонредна состојба да стапи во сила од 19 октомври, кога истекуваат првите три месеци.

XS
SM
MD
LG