Достапни линкови

Русија ги обвинува САД за влошените меѓусебни односи


Рускиот амбасадор во Соединетите држави Сергеј Кислијак го обвини Вашингтон за влошување на односите меѓу двете земји и покрај тоа што, како што рече, имаат заеднички закани и можности за соработка. Говорејќи на Универзитетот Џон Хопкинс, амбсадорот Кислијак ги повтори руските ставови дека Москва не се меша во американските избори. „Многу сме разачорани, бидејќи наместо да соработуваме во решавање на заедничките проблеми, ние сме затворени во непријателски дискусии со што губиме многу можности“, изјави тој, повикувајќи на обнова на соработката во Сирија. Тој ја повтори руската загриженост од ширењето на НАТО и разместувањето сили во Полска и Балтикот.

XS
SM
MD
LG