Достапни линкови

logo-print

Заев: Ќе ги вратиме парите што ги украдоа


Граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ заврши пред Собранието на Република Македонија со обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставници на невладини организации, активисти и јавни личности.

Маршот почна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до Собранието. Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот и затоа е избран денешниот празник - симболично како предвесник на промените за подобра иднина.

Заев нагласи дека денеска маршираат за достоинствени плати, за задоволни работници, за силни мали претпријатија, за деца кои нема да просат, за покрив над секоја глава, за подобро образование, здравство...

„Маршираме за враќање на државата во рацете на граѓаните, ја одземаме од фамилијата на Никола Груевски, марширавме за враќање на парите кои ги украдоа. Ќе ги вратиме до денар, се што украдоа“, рече Заев

XS
SM
MD
LG