Достапни линкови

Граѓанскиот марш пред Собранието на РМ


Граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ пред Собранието на Република Македонија, продолжува со говори на претставници на невладини организации и јавни личности, а ќе се обрати и лидерот на опозициската партија Зоран Заев.

Маршот почна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до центарот на Скопје, односно пред Собранието.

Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот и затоа е избран денешниот празник - симболично како предвесник на промените за подобра иднина.

XS
SM
MD
LG