Достапни линкови

Објавени финалистите за наградата Сахаров


Мустафа Џемилев

Мустафа Џемилев

Украинскиот активист Мустафа Џемилев, активистите Надија Мурад и Ламија Башар, како и турскиот новинар Кан Дундар се финалисти за освојување на наградата Сахаров за 2016 година, која традиционално секоја година ја доделува Европскиот Парламент. Џемилев е поранешен лидер на кримските Татари кои остро се спротивставија на руската анексија на полуостровот во 2014. Тој сега живее во Киев, откако руските власти му забранија пет години да влегува во Крим. Тој беше и еден од водечките активисти за човекови права за време на советската ера и беше затворен неколку пати.

Мурад и Башар беа заробени од милитантната група Исламска држава. Тие успеаа да побегнат и сега ги промовираат женските права и правата на малицинствата. Дундар е поранешен уредник на турскиот весник Хуријет и беше уапсен по објавувањето на текстот во кој е наведено дека турската разузнавачка служба шверцува оружје на бунтовниците во Сирија.

Наградата Сахаров е парична и е во висина од 50 илјади евра. Се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи.

XS
SM
MD
LG